Топ 5 бои кои ќе ја одбележат оваа есен
Иако летната сезона на неонски бои ни заврши, и есента си има своја магија.
Разубавете си го секој ден така што ќе облечете една од овие 5 бои, кои по сè изгледа ќе ја одбележат оваа есен.
Маслинесто зелена
Кога ќе се спомне оваа боја, асоцира на елеганција и смиреност. Лесна е за комбинирање, одговара со сите пастелни и пудрести нијанси, а може и да ја носите во облик на додатоци - штикли, чанта, шал и накит.
Корално црвена
Силна и остра боја која можете да ја носите исклучиво на еден дел од телото - или панталони или блуза. Одличен избор за тмурните денови кога ви треба светла точка за насмевка. Што се однесува до модните додатоци - не претерувајте.
Бургунди
Како и секоја есен, така и оваа не може да помине без тоновите на виното. Темна, лежерна и елегантна, зависно како ќе ја искомбинирате. Секој аксесоар во оваа боја е добредојден, посебно ако на себе имате земјени тонови.
Тегет
Незаменливата тегет се сложува со секоја друга во палетата, па затоа нема да погрешите ако ја носите секојдневно. Единствено на што треба да внимавате е како ја комбинирате со другите темни бои. Секогаш покрај тегетот носете некое светло парче гардероба или аксесоар кој ќе ја разбие темната монотонија.
Тиркизно сина
Покрај тегетот, во тренд е и небо сината нијанса. Иако делува како летна боја, сепак оваа есен идеално ќе го надополни секој изглед.