Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хранливи третмани за коса

hranlivi-tretmani-za-kosa-povekjeДоколку вашата коса е сува, оштетена или безживотна не очајувајте - решението се наоѓа во вашата кујна. Еве неколку хранливи третмани кои на...

 

...косата ќе и ја вратата свежината и сјајот.

1. Мајонез

Доколку сакате да ја омекнете косата и да и го вратите сјајот, мајонезот е вистинското решение. Нанесете на косата многу тенок слој мајонез, оставете го да делува 30 минути и потоа измијте ја косата како и обично.

hranlivi-tretmani-za-kosa

За длабоко регенеративно делување, ставете капа за туширање откако ќе ја намачкате косата со мајонез и оставете да делува барем два часа.

Исто така мајонезот помага и доколку случајно ви се залепила мастика во косата, само тријте ја косата премачкана со мајонез и мастиката ќе се одлепи без да ја оштети косата.

2. Оцет

Оваа киселина со векови е користена како тоник кој дава здравје, а кога станува збор за косата таа има неверојатна снага за отстранување на целиот талог и сите нечистотии насобрани на влакната од косата.

Додајте една кафена лажичка оцет во последната вода за плакнење на косата , а доколу имате осетливо теме или проблеми со првутот пред шампнирањето лесно втријте во самото теме малку јаболков оцет.

Покрај отсранувањето на нечистотиите од косата, оцетотот исто така ја регенреира кожата на главата.

3. Авокадо

Маската од авокадо е неверојатно благотворна, помешајте авокадо, една белка од јајце и малку маслиново масло и смесата добро вмасирајте ја во косата.

Оставете да делува 30 минути и потоа измијте ја косата и нанесете регенератор како и обично. Резултатот е неверојатно сјајна коса.

4. Јајца

Изматете белка од две јајца и после шампонирањето втријате ја во косата. Оставете да делува 15-тина минути и потоа добро измијте ја косата.

Овој третман ги зајакнува и освежува фоликулите на влакната, а резултатот е сјајна коса со поголем волумен. Можете да пробате и маска од белки, маслиново масло и 150 ml топла вода.

5. Пиво

Некои го користат пивото како зацврстувач за коса, но нашиот совет е да го користите како регенератор.

Косата измијте ја со шампон како и обично, а после плакнењето полијте ја косата со пиво и добро измасирајте ја од коренот до врвовите. Потоа добро исплакнете ја со ладна вода за да не остане мирисот на пиво.

Резулатот е сјајна коса со одличен волумен.

Би можело да ве интересира:

Талија од „Росалинда“ блесна во креации на нашиот Златко Јовановски: „Ѝ ги испратив на домашна адрес... „Костимот со зелени циркони мораше да биде спектакуларен, а другата креација беш...
Аријана Гранде разочара, Хали Бери и Деми Мур со слични фустани - Најдобро и најлошо облечените ѕвез... Гламур, но и модни промашувања за жените, класични и елегантни костуми за мажите...
Голиот задник на Зои Кравиц издоминира на забавата по Оскарите - нејзиниот фустан ги подели мислењат... Фустанот на Зои Кравиц ги подели мислењата. Таа не носи гаќички и во фокус е неј...
Светска, а наша! Катарина Ивановска блесна во модна колекција на познат српски бренд Од коктел фустани со точки до совршени женски одела... Катарина е вистинска модн...
7 парчиња кои дамите со стил не ги носат – изгледаат „евтино“ дури и ако чинат богатство Лежерните карирани кошули во бои со силен контраст не изгледаат женствено, тесни...
12 пати кога чевлите на познатите привлекоа поголемо внимание од нивната облека (фото) Прстени како украс за сандалите, мамузи на чизмите, ангелски крилја на салонките...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg