7 трикови со кои ќе изгледате повисоко
Вистински комплимент е кога ќе ви кажат: „Но ти не изгледаш толку ниско!“. Се согласувате нели? За да дојдете до овие реченици најдобро е да внимавате на парчињата облека кои ги носите на себе.
Постојат 7 важни работи на кои треба да го насочите вниманието:
1. Одберете мини здолниште кои започнува повисоко на половината и се проширува на крајот.
2. Избегнувајте потпетици кои имаат дебели и големи ремчиња. Одберете обични и едноставни потпетици.
3. Избегнувајте широки пантолони и подвратувајте ги на краевите.
4. Избегнувајте подолги кошули и наместо нив придржувајте се до кошулите до колкови.
5. Наметките кои се спуштаат надолу во рамената и се долги инстантно ќе направат да изгледате пониски. Наместо тоа одбирајте кратки наметки со полни рамена кои имаат права структура.
6. Ако сакате да носите подолги фустани и здолништа, носете миди модели. Никогаш макси.
7. И чантите треба да ви бидат помали и се преферираат оние кои ќе ги носите во рака, а не на рамо.