Женски предлози: Што да носите на работа кога надвор е +35 степени?
Летниот деловен стил можеби е најмачната работа со која се соочува секоја жена во топлите месеци. Пристојни фармерки, долги класични панталони, тесни здолништа, кошули кои покриваат, сакоа... Ништо не асоцира на лето.
Наместо да се заробите во фармерките, носете панталони од лелеави материјали. Ако се малку пошироки - ништо страшно. Во комбинација со елегантни потпетици ќе создадете шик младешки излгед.
Здолништа над колениците ќе мора да ги носите, затоа што секоја пократка варијанта е недозволена, но наместо да се тесни можете да ги одберете оние со А-крој. Добри се за со балетанки или пристојни сандали и обична кошула.
Сакото заменете го со летно кимоно од марама, кое е доволно пристојно да ви ги покрие рамениците, а да не ви предизвика дополнителна топлина.
Елегантните фустани се исто така добар избор, затоа што со едно класично парче ќе изгледате како деловна дама. Доволни ви се пар потпетици и впечатлива чанта за да создадете совршен летен погодок.
За крај, не заборавајте да се потсетите што никако не смеете да облечете за во канцеларија.
Овој моден колаж нека ви биде од помош во текот на цело лето: