Топ совети за купување на сандали ова лето

Важно е сандалите да бидат убави, модерни и удобни, но дали знаете од што сѐ се одредени овие неколку главни фактори? Постојат илјадници разни модели на сандали и многу е тешко да се одбере вистинскиот пар...

top-soveti-koi-kje-vi-pomognat-pri-izvor-na-sandali-1

Со помош на овој мал водиш сигурно за многу кратко време ќе ги пронајдете идеалните сандали во кои ќе уживате цело лето:

Тип на градба

Доколку имате кратки нозе никако не треба да носите сандали со ремчиња до колена, бидејќи тие дополнително ќе ве скратат и ќе го стават акцентот на тоа што сакате да го сокриете. Најдобро е да одберете сандали со платформа или штикла кои ќе ве издолжат. Исто така, одберете сандали во месо боја кои визуелно ќе ви ја продолжат ногата и стапалата.

top-soveti-koi-kje-vi-pomognat-pri-izvor-na-sandali-2

Ако имате ситна градба и тенки нозете со тесни стапала, тогаш одбегнувајте сандали со дебела штикла или нагласена платформа, бидејќи во нив вашите стапала ќе изгледаат уште потесни. Најдобро е да одберете рамни сандали со едно ремче или елегантен модел на штикла.

Високите долгоноги девојки немаат никакви ограничувања кога се сандалите во прашање, но би требало да избегнуваат премногу високи сандали, бидејќи ќе изгледаат многу неприродно во нив.


Удобност

top-soveti-koi-kje-vi-pomognat-pri-izvor-na-sandali-4

Сандалите се вид на чевли кои се носат на гола нога, затоа многу е важно тие да бидат удобни и квалитетни. Најдобро е да купите сандали од вистинска кожа или друг природен материјал, со кој ќе можат вашите стапала слободно да дишат.

Премногу рамниот, тенкиот и крут ѓон е исто така погрешен избор. Затоа, избегнувајте модели со дрвен ѓон и одберете сандала со дебела, рамна платформа.


Каде ќе ги носите?

top-soveti-koi-kje-vi-pomognat-pri-izvor-na-sandali-5

Доколку планирате одморот да го поминете само на плажа, тогаш за вас идеални се апостолките. Низ продавниците имате голем избор на интересни апостолки кои можете да ги комбинирате со долг фустан, бикини, па дури и фармерки.

Доколку планирате активен одмор, тогаш одберете што поудобни сандали со подебел ѓон, а за ноќниот живот одберете сандали на штикла или висока платформа кои ќе ви дадат секси изглед.

Авантуристичкиот одмор подразбира шетање по стрмни места, нуркање, откривање на нови плажи, а за тоа ви се потребни квалитетни гумени сандали. 

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg