6 дезени кои никогаш не излегуваат од мода
Покрај црниот фустан или секси краткотото црвено здолниште, моторџиските кожни јакни и штиклите со шпиц, постојат и дезени кои од сезона во сезона никогаш не излегуваат од мода.
Без разлика на менувањето на трендовите, она што е добро засекогаш останува добро и тука веќе не станува збор само за култните начини на облекување, туку и на принтовите кои секогаш изгледаат беспрекорно и женствено.
1. Животниски принт
Без разлика на тоа дали станува збор за принт по шема на животинските крзна како на леопардот и зебрата или пак за кожата како на змијата, животинскиот принт никогаш не излегува од мода.
2. Батик стил
Егзотичните примероци можеби одамна веќе не се рачно изработени, но се уште претставуваат идеален летен стил за облекување. Со едноставно кратко фустанче во батик принт ќе изгледате како бохо слатка девојка.
3. Цветен принт
Станув збор за стил на облекување кој нужно не мора да го носите само во топлите денови. Во зависност од бојата со овој принт можете да изгледате совршено и софистицирано дури и во ладните зимски денови.
4. Карирано
Карираниот принт стана апсолутен хит последниве неколку сезони. Никој не може да одолее на карираните кошули.
5. Принт со точки
Принтот со точки е секогаш поим за класика која изобилува со романтичност и елеганција. Малечките крукчиња се симбол на зрелоста додека пак, крупните се одраз на разиграноста и младоста.
6. Риги
Ригите се стил многу сличен на цветниот. Можете да ги носите во текот на целата година и можете да комбинирате од многубројни и разиграни бои до оние најкласичните морнарски палети.