Видео кое ќе ви помогне старите фармерки да ги претворите во секси шорцеви
Летото е тука и факт е дека не постои девојка која не сака да облече кратки шорцеви. Но, наместо да давате многу повеќе пари отколку што реално вредат шорцевите, искористете ги старите фармерки.
Сега имате можност да го изведете тоа без да се плашите дека џабе ќе ги уништите фармерките.
Постојат само неколку трикови и едно видео кое ќе ве направи експерт за 5 минути.
1. Секогаш одберете фармерки кои се малку пошироки. Од претесните цефка фармерки тешко дека ќе направите шорцеви. Припиените ногавици само ќе ви ги пресекуваат бутовите и ќе изгледате смешно.
2. Измерете го внатрешниот раб. Тој секогаш треба да биде долг барем 7-8 сантиметри за да ја избегнете катастрофата.
3. Задолжително исцртајте линии со креда. Во спротивно, ќе сечете и ќе ги рамните рабовите со часови.