5 тексас парчиња кои треба да бидат дел од вашиот гардеробер

Веројатно сте неизмерно вљубени во вашиот џинс и обожувате да го носите во речиси секоја можна прилика. Сепак можете обичните фармерки да ги замените со неколку различни стилови на тексас кои ќе го освежат вашиот изглед.

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-01.jpg

Пролетните трендови велат дека има точно 5 различни парчиња облека кои како идеи можете да ги искористите на милион начини ако ги имате во вашиот гардеробер.


1. Бел џинс

Модните дизајнери оваа пролет се одлучија токму за овој стил на фармерки. Без оглед на тоа дали сакате да бидат „цевка“ или широки, можете слободно да ја одберете белата боја и оваа пролет уживајте во вашиот нов изглед. Доколку се одлучите за првиот вид, погрижете се истите да бидат малку подолги позади се со цел да бидете сигурни дека се ќе биде покриено.

Идеја плус: можете да ги подвратите и искомбинирате со кошула. Друга комбинација се подискинатите бели пантолони со кожна или црна широка маичка.

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-1.jpg

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-2.jpg


2. Тексас фустан

Покрај белиот џинс, оваа година е озчначена и со различните комбинации на тексас фустани. Можете да се одлучите за тексас со чудни пресеци и во поп арт стил. Секако тука е секогаш и едноставниот краток фустан со кој можете да станете модна икона доколку го искомбинирате со добар аксесоар и обувки. Носете го со големи ланци, крупни шарени ланчиња или нараквици. Тајната на добриот изглед може да биде и во комбинацијата со стилето штикли. Менувајте и бои. Темниот подебел тексас е одличен за поладните денови, додека пак светлиот лесен џинс за жешките попладневни часови.

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-3.jpg

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-4.jpg

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-5.jpg


3. Ѕвонести панталони

Да токму така, 70-те се повторно назад и време е повторно да се вратите на старите добри ѕвонести панталони. Можете слободно да се одлучите за широка памучна маичка и да ја вметнете под пантолоните. Исто така можете да ги носите и со тесна бела маичка целосно вметната под пантолоните.

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-6.jpg


4. Широк или искинат џинс

Овој изглед од улиците на Лос Анџелес премина на модните ревии но сеуште знае да направи да изгледате неуредно доколку не го комбинирате правилно. Предлог број еден, подвиткајте ги малку. Потоа секако можете да ги комбинирате со сако. Класа погоре можете да ги одведете и доколку со нив облечете бела кошула и кожа без разлика на тоа дали се наоѓа на вашата чанта или пролетен капут. Внимавајте, со овој изглед обилното накитување никогаш нема да ви прилега. Впрочем новите бохо алки не ви се воопшто потребни. Овој џинс е аксесоар сам по себе.

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-7.jpg

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-8.jpg

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-9.jpg


5. Подвртен џинс

Тука нема што многу да се спомнува. Шитоките пантолони можете секогаш да ги подвратите, но внимавајте како и колку. Концентрирајте се на мали навртоци и должината треба да биде некаде помеѓу капри изгледот и оној изглед каде се чини дека сте ги скратиле при перење.

5-teksas-stilovi-koi-treba-da-bidat-del-od-vasiot-orman-10.jpg

Би можело да ве интересира:

9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Едноставни модели на кошули, идеални и за на работа и за вечерни излегувања (фото) Кога не знаете што да облечете за на работа или за вечерно излегување, можеби на...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Модели на тексас здолништа совшрени за пролетни и летни комбинации Кратки или долги, широки, исканати... со тексас здолништата нема да погрешите. ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg