5 задолжителни принтови во гардероберот на секоја жена
Постојат огромен број и варијации на принтови. Некои жени со задоволство ги носат, додека други се обидуваат да се задржат до минимализмот.
Но, во која група и да спаѓате, цвеќињата, пругите и анимал принтот се само дел од 5-те шари кои вреди да ги имате во гардероберот за оваа пролет.
Точки
Без оглед на тоа со каква големина се, точките се вечна класика. На пример, малите точки изгледаат безвременски и класично, додека за разиграни и дневни моменти, може да одберете микс од големи точки и риги.
Карирано и риги
Класичната карирана и ригаста кошула е моден императив. Задолжително пробајте ги вертикалните риги кои ви ја издолжуваат фигурата.
Црно-бел принт
Црно белиот принт е оној во кој се заљубуваат сите жени. Потребно е само да одберете некои необични шари за да се издвоите од толпата.
Анимал принт
Анимал принтовите, посебно леопард шарата може да се смета за вечен хит. Никогаш нема да излезе од мода, а одговара за секоја прилика. Ако не обожавате облека со леопардски принт, ви предлагаме да одберете барем некој детаљ. На пример, очила за сонце, мокасинки или марама.
Цветен микс од бои
Кога и да посакате да изгледате храбро и забавно, комбинирајте цветен принт. Здолништата и фустаните се секогаш модерни, а силните бои се совршен избор за потоплите денови.
Генерално, ако не уживате во шаренилото на облеката, за почеток пробајте да ја разбиете монотонијата со храбри аксесоари. Тие секогаш се совршената јаготка на шлаг!