Моден прирачник: Какво здолниште да одберете според градбата на телото?
Здолништата и фустаните, покрај штиклите, се најдобриот пријател на женската фигура. За да си ја олесните потрагата по совршените и да не лутате и експериментирате со модели кои нема да ви прилегаат, доволно е само да ја одредите градбата на телото.
Атлетска градба
Ако имате широки раменици, а тесни колкови, додајте малку волумен со текстури и помпезни модели. Идеални се здолништата на преклопување, со фалти и машни, како и оние со покрупни дезени.
Градба во вид на крушка
Избегнувајте припиени мини здолништа кои дополнително ќе ви ги истакнат несовршеностите, но и широките здолништа кои визуелно ќе ве направат подебели. Добро ви стојат елегантните здолништа со висок струк и асиметричните кои вешто ги издолжуваат нозете.
Градба во вид на јаболко
Без проблем можете да носите мини здолниште, но ако имате изразен стомак треба да внимавате да не ги „искривите“ пропорциите. Здолништата со А-крој и лелеавите материјали се идеален избор за секоја пригода.
Девојки со вишок килограми
Треба внимателно да бирате елегантни здолништа со висок струк или здолништа кои си поигруваат со дезенот и го лажат окото. А-кројот исто така е одличен, како и кројот во облик на лале. Кратките мини здолништа се строго забранети.
Висока и слаба
Миди здолништата, мини моделите и долгите макси здолништа со шлицови ќе ви прилегаат совршено.
Ситна градба
Дамите со ситни градби треба да бираат мини здолништа и асиметрични модели кои ќе им ги издолжат нозете.