За сечиј стил и вкус: Каде да се подновите оваа пролет?

Колекциите за пролет/лето 2015 пристигнаа во мулти бренд концептот Fashion&Friends. Секоја од нив носи нова свежина и линија карактеристична за сезонава, притоа задржувајќи ја препознатливоста и карактерот кои ги одвојуваат од останатите.

za-secij-stil-i-vkus-kade-da-se-podnovite-ovaa-prolet-01.jpg

Replay

Супкултурата и бунтовничкиот дух на 50-тите и 60-тите години се основа врз која дизајнерите ја создале женската колекција на Replay, во која очигледно доминантен е шармот на андерграунд движењето.

Колекцијата престатвува мешавина од ретро влијание и современ шик изглед, претставен преку комбинација на парчиња со висок струк, здолништа до колена, женствени фустани кои добиваат нова перспектива кога се носат со бомбер или моторџиски јакни или спортски блузони. Материјалите кои доминираат се жоржет, тул, тантела поставени наспроти кожа и џинс, додека пак од боите присутни се пастелните тонови и цветните дезени во комбинација со потемни нијанси како сива, темно сина и црна.

И во машката колекција се забележува влијанието на бунтовничкиот дух и трките со автомобили специфични за 50-тите години, претставени преку употребата на тексас и кожа, дополнети со избледен ефект на боите и сурферски изглед типичен за плажите на јужна Калифорнија.

Како кај женскиот дел од колекцијата така и овде, ретро елементите се спојуваат со модерната технологија што резултира во импресивна линија на палта, маици, панталони, бермуди, моторџиски јакни и тексас кошули во темни нијанси, избледено црвено, зелено и портокалово.


Guess

Колекцијата на Guess jeans за пролет/лето 2015 претставува враќање кон корените на брендот и неговото родно место – Лос Анџелес, па така моделите се инспирирани од единствената еклектична естетика на градот претставена низ три клучни зборови – БРЗИ, МЛАДИ, СЛОБОДНИ.

“Chateau GUESS” е линија која го рефлектира импулсивниот и гламурозен начин на живот препознатлив за улицита на Лос Анџелес. Спортскиот стајлинг е разигран со атрактивните и секси модели како искинати фармерки и кратки јакни и блузи.

Линијата “Sunset Trip” го претставува младешкиот начин на живот на Холивуд. Инспириран од неонските светла на пространите авении, овој дел од линијата нè води на патување каде доминираат неонските розови и виолетови нијанси, интергрирани во комбинации со корсети, мини фустани и фармерки со низок струк.

“Hollywood & Vine” зрачи со позитивна енергија изразена преку зашеметувачка фузија на бои кои се избалансирани со природни бои како светло зелената. Принтовите се присутни и се инспирирани од егзотичната природа. Тантелата, тулот и нежните материјали му даваат особена деликатност на овој дел од колецијата.

Guess by Marciano

“Guess Power Curvy”  е новитет од Guess jeans, иновативен модел на фармерки кој се припива до телото како “втора кожа” и ја дефинира женската силуета. Благодарение на таканаречената “fitswell” конструкција, фармерките ги задржуваат цврстина и обликот во текот на целиот ден, го истенчуваат телото и имаат “push-up” ефект, притоа овозможувајќи чувство на удобност. Линијата “Guess Power Curvy” e достапна во форма на моделите: jegging, skinny low и skinny mid.

И колекцијата на Guess by Marciano наоѓа инспирација оваа сезона во Градот на Ангелите, неговата ексцентричност, раздвиженост и релаксирана елеганција. Во линијата “LA Confidential” 70-тите се дополнителна инспирација за колекцијата, која изобилува со геометриски принтови во црно-бела комбинација, но  бои како розона, виолетова, жолта и сива. Материјалите се природни, со или без текстура, а пристуно е и драпирањето. Јакните и мантилите даваат строга и сигурна, но во исто време и секси линија на женската силуета.

Делот од колекцијата посветен на ноќните излегувања, гламурозните забави и раскошот е претставен преку линијата “La Noir” која содржи облека за храбри и самоуверени девојки, волуменозни модели, проѕирни и шик елементи. Палетата на бои ја сочинуваат црната, белата и сивата во контраст со летната корална боја и цветните принтови.

Летниот дел од колекцијата на Guess by Marciano е инспириран од Палм Спрингс во доцните 60-ти и раните 70-ти години. Принтовите кои доминираат се егзотични, а материјалите богати и дополнети со ласерски исечени детали, метални апликации и украсни камчиња.


Scotch&Soda

Рок’енд’ролот се среќава со песочниот брег, елегантниот господин се спојува со сурферот, а културите од Африка до Америка стануваат целина во новата колекција на Scotch&Soda. Духот на сезоната е понесен од констрастите и спојувањето на впечатливи принтови, кои му даваат на изгледот разиграност, леснотија и ретро чувство. Блејзерите со строг крој се комбинираат со шорцеви, а таканаречениот “хибискус” дезен се среќава со точките. Од модните додатоци присутни се платнените чевли и шешири кои даваат дополнителна свежина во жешките, летни месеци.

Maison Scotch

Оваа сезона Maison Scotch нè води на патување преку дивиот пејсаж на Америка, пастелниот хоризонт на Мајами Бич, песочните дини на Сахара и мирните води во троспките краишта. Расположението асоцира на слобода, релаксирани силуети и природни материјали во колекција која нуди јакни, фустани, тенки панталони, интересни шорцеви, па дури и бикини за првпат оваа сезона. Принтовите изобилуваат со нови опции како цветови, геометриски решенија, животински принт и риги. Ова лето е за храбрите, за оние кои сакаат неочекувани комбинации и се забавуваат со модата.


Desigual

Колекцијата за пролет/лето 2015 на Desigual наречена “Say Something Nice” oстанува достојна на досегашниот позитивен и безгрижен карактер на брендот, оваа сезона со забележливо интернационално влијание во форма на риги инспирирани од Медитеранот помешани со тропски цветови, мексикански мотиви, Хавајски цветови во боите на виножитото....Колекцијата ја сочинуваат мантили со принтови, комбинизони без ракави, кратки јакни  во комплет со шорцеви, фустани со различна должина и форма, итн. Материјалите од кои се изработени овие впечатливи и уникатни парчиња се шифон, свила, жакард, тул и сатен, а се разбира дополнети се со додатови како чевли со платформа со јаки бои, чанти, марами и доминантни обетки.


Diesel

Уште една колекција инспирирана од духот  на Амрика и лежерноста на која тој асоцира. Оваа сезона, типично за Diesel, тексасот како материјал е и засебен концепт кој се сплотува со рок’eнд’рол лежерност и еклектика.

“Бев инспириран од слободата на Калифорнија и патувањето низ неа – од брегот, преку пустините и американските автопати. Оваа колекција е еден вид на спортска верзија на препознатливите парчиња на Diesel”, вели креативниот директор на брендот Никола Формикети.

Особен акцент е ставен на силуетата која е издолжена и тенка, но сепак релаксирана. Моделите потсетуваат на стилот на 90-тите и трките со мотори, спортските елементи се во комбинација со кожени или колеџ јакни, а тексасот е присутен насекаде, во сите нијанси и со безброј различни обработки. Неизбежни се и кошулите и блејзерите за доза на елеганција во сета оваа лежерност, па така во комбинација со палетата на бои и дезени, како светло сина, бела, тутунова, кафена се добива вистинско винтиџ чувство.

Кај женскиот дел од колекцијата има дел кој е инспириан од фотографиите на Дејвид Хамилтон во кои доминира девојчинската невиност изразена преку блузи и фустани од тантела кои се среќаваат и во колекцијата пролет/лето 2015 на Diesel.

Целосниот ефект се заокружува со модните додатоци во препознатливиот стил на брендот - секогаш бунтовен, иновативен и модерен.

Би можело да ве интересира:

Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
9 модни трендови на кои треба да заборавите оваа сезона Кошула-фустани веќе не се во мода, исто како и плетените фустани... Кои парчиња ...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо... Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
Тренд кој ги освои и Македонките - Златни обетки во стилот на '80-тите Цветови, солзи, кругови - оваа сезона во фокус се големите златни обетки во стил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg