Штикли - 5 причини зошто секоја жена би требало да ги носи
Од непозната причина секоја жена е заљубена во штиклите, без разлика на нивната висина, боја, дезен, модел...
Колку што оваа љубов знае да биде болна и неудобна, ако го пронајдете вистинскиот модел, постојат најмалку 5 причини зошто не би требало да се откажете од штиклите ниту на еден ден.
1. Го привлекувате вниманието
Ако сакате да оставите добар впечаток, мора да носите чевли на висока потпетица. Жените кои носат штикли дефинитивно се почесто забележани, па заради тоа се мета на позитивни коментари и комплименти.
2. Можат да ви ја подигнат самодовербата
Одењето во чевли на висока потпетица делува многу подобро од одењето во рамни чевли. Штиклите и додаваат сексапил на секоја комбинација, па самата ваша појава е поатрактивна. Добриот пар штикли прават секоја жена да се чувствува двојно подобро и посамоуверено.
3.Ги нагласуваат нозете
Добрите чевли ги прават женските нозе неодоливи. Не само што изгледаат подолго, туку влијаат и на обликување на мускулите на нозете.
4. Во нив добивате неколку сантиметри висина
Жените кои сакаат да добијат на висина и елеганција, дефинитивно треба да одберат високи потпетици. Постојат некои модели на фустани и панталони кои едноставно се создадени за штикли и не изгледаат добро со рамни чевли. Односно, често пати погрешниот избор на рамни чевли може да ви одземат неколку сантиметри од висината.
5. Заради нив изгледате послаби
Заради штиклите ќе изгледате послаби без да бидете ниту еден ден на диета. Високиот став создава илузија на повитка силуета, а тоа е сонот на секоја жена.