4 наметки кои секоја жена треба да ги има оваа пролет
Без оглед на тоа колку различни јакнички, наметки и сакоа имате, оваа пролет доволни ви се да одвоите само 4 од нив.
1. Бело сако
Наметка во која се заљубуваме секоја пролет и секое лето, токму поради фактот што од обичната маичка, тексасот шорцеви и сандали може да направи елегантна и софистицирана комбинација.
2. Лесно кимоно
Ако сè уште не си набавивте едно, пред почетокот на пролетта задолжително пронајдете го идеалниот модел. Може да го носите во речиси сите прилики и функционира совршено со сите здолништа, туники и тесни панталони.
3. Јакна од превртена кожа
Новитет во 2015-та дефинитивно ќе бидат јакничките од превртена еко кожа, која доаѓа во различни впечатливи бои. Одлучете се за сина, црвена или виолетова и подигнете ги сите обични комбинации на едно поинакво ниво.
4. Тексас јакна
Без неа, ниту една листа не е целосна. Сигурно веќе имате барем една, но оваа пролет не би било лошо да се подновите со некоја од посветол тексас. Одлично одговара со секој џинс, кошула и туника.