4 совети за визуелно подолги нозе
Повеќето жени не се родени со витки нозе како Жизел Бундшен. Но, како и за сè останато, така и за овој проблем постојат трикови со кои ќе ја добиете посакуваната должина на нозете.
1. Избегнувајте чевли со ремче околу зглобовите
Знаеме дека совршено стојат со тесното здолниште и колку се удобни и стабилни, но ремчињата визуелно ги скратуваат и пресекуваат нозете. Наместо нив, одберете модели во крем тонови слични на бојата на кожата.
2. Носете панталони во иста боја како чевлите
Носењето на панталони и чевли во иста боја визуелно ќе ги издолжи нозете, односно ќе ја прикрие границата помеѓу нозете и стапалата. Правилото важи и за хулахопките и здолништето.
3. Здолништа и панталони со висок струк
Кратките здолништа и шорцеви се најдобри пријатели на нозете, само внимавајте на пригодата во која ги носите. Добар избор се мини и миди здолништата со висок струк. Покрај нив, нема женска силуета која не изгледа добро во панталони со висок, нагласен струк.
4. Бирајте штикли со шпиц
Чевлите и штиклите со шпиц ги издолжуваат стапалата, а со тоа и целите нозе. Добро би било да имате барем еден пар салонки со шпиц.