Кристијан Лобутин ве учи на ултимативните модни правила кои секоја жена мора да ги знае
Тој е модниот гуру по чии чевли полудува секоја жена. Поседува богато модно искуство и со право кажува дека секоја жена може да биде заводлива ако почитува неколку одредени правила.
За достоен стил на секоја дама важат 4 правила:
1. Облечи се онака како што сакаш да се движиш
Иако жената носи фустан, чевлите се тие кои ја носат жената. Според тоа внимателно одбирајте ја гардеробата и облечете се во зависност од тоа што сакате да постигнете и ако сакате да се движите.
2. Облечете се во согласност со своето расположение
Ако не ви се допаѓа да носите високи потпетици, тогаш не ги носете. Поентата е да го носите она во кое се чувствувате секси и удобно. Ако во потпетиците не се чувствувате пријатно, не ги носете. Женствени и заводливи може да бидете и во рамни чизми.
3. Носете го само она што ви стои
Некоја облека изгледа совршено на манекенките и во излозите, но тоа не мора да значи дека и вас ќе ви стои исто така. Облечете го само она кое ви прилега.
4. Ако вашиот партнер забележува што сте облекле, тогаш тоа е вистинскиот избор
Најголем комплимент за Криситјан Лобутин е кога жените му откриваат дека откако ги носат неговите чевли, нивните партнери конечно забележуваат што имаат облечено.