Машки водич: Како да го одберете и носите идеалниот шал? (фото)
Квалитетниот и добар шал може да ви овозможи посебен печат на вашиот целокупен изглед, затоа е многу важно да го одберете вистинскиот.
Многу мажи се двоумат дали ќе изгледаат претерано феминизирано, меѓутоа носењето на шал има потполно спротивен ефект - машките шалови веќе со години се аксесоар кој секој маж мора да ги има во гардероберот.
Постојат повеќе типови и облици на шалови, па затоа потрудете се да си ги скратите маките со овие корисни совети:
1. Ширината на шалот не би требало да е поголема од 30 сантиметри, а должината од 150- 170 сантиметри.
2. Одбирајте материјали како волна, кашмир и памук, а избегнете ги сите синтетички и свилени модели.
3. Еднобојните шалови се најсигурната опција која секогаш изгледа модерно. Задржете се до црната, сивата, тегетот и кафеавата, во зависност од палтото и останатата гардероба.
4. Ако бирате шал за секој ден, одберете „бесконечен“ плетен модел кој лесно се префрла околу вратот, а за поелегантните пригоди одберете класичен модел од кашмир.
Од помош ќе ви бидат и овие модни предлози: