Трудници со стил: Модна инспирација за идните мајки
Трудниците секогаш предизвикуваат среќа и насмевки каде и да се појават, а уште ако се беспрекорно стилизирани од глава до пети, ги привлекуваат погледите како магнети.
Ако сте трудница која ја обожава модата и не сака да се зароби во широките фармерки и џемпери кои го кријат стомачето, имаме неколку предлози.
Слоевитото облекување идеално и прилега на секоја трудница, исто како и тесните туники кои го оцртуваат заобленото стомаче.
Сè додека се чувствувате способно да носите штикли или високи чизми - носете.
Сè додека имате желба да се стегнете во омилените хеланки - направете го тоа. Комбинирајте ги со лесни блузи, широки џемпери и разнобојни палта.
Не дозволувајте да го изгубите личниот печат само затоа што сте накачиле неколку килограми.