Здолништа и чизми - Како да ги комбинирате?
Тоа што студените денови пристигнаа и температурите се спуштија, не значи дека треба да се откажете од вашето омилено здолниште! Само треба добро да го искомбинирате со вистинските чизми.
1. Здолниште под колена + кратки чизми
Здолништата под колена можат визуелно да ги скратат нозете, но само ако ги комбинирате со несоодветни чевли. Спротивно на тоа, кратките чизми со средна или висока потпетица може да имаат одличен ефект на бесконечно долги нозе.
Избегнувајте ги рамните чизми и моделите со висина до половина лист.
2. Лелеави фустани + чизми над коленици
Ако сакате да ги носите пролетните лелеави фустанчиња и оваа есен, најдобро е да ги искомбинирате со чизми над коленици, топол џемпер или елегантно палто со иста должина како фустанот.
Избегнувајте груби бајкерски чизми во комбинација со овие фустани.
3. Плисиран материјал и здолниште со А крој + чизми со отворени прсти
Плисираниот материјал, како и здолништата со А крој оваа сезона се апсолутен хит, исто како и чизмите со отворени прсти. Никогаш нема да погрешите ако ги споите овие две парчиња.
Потрудете се за избегнете гломазни модели на чизми со полна пета кога станува збор за овие префинети здолништа.
4. Кратко здолниште или фустан + широки чизми над коленици
Мини здолништата и фустаните се создадени за широки чизми над колената. Оваа комбинација ќе делува многу помодерно отколку кратките чизми и голите нозе. Одбирајте модели со средно висока потпетица.
Избегнувајте кратки чизмички без потпетица, кои визуелно ќе ви ги направат нозете подебели.