Моден тренд во кој ќе се заљубите: Топли, меки и удобни шалови
Покрај тоа што ќе ве натераат да се чувствувате како сè уште да сте во вашиот топол кревет, големите шалови се идеални за разигрување на секоја модна комбинација.
Наместо оваа есен да западнете во сивилото кое сите не очекува, расположете се и стоплете се со само едно парче топол аксесоар - предимензиониран шал.
Оваа есен и зима во мода се големите марами, крзнени и плетени шалови, како и оние поелегантните модели од свила и лесни материјали.
Зависно од вашиот стил, одберете си неколку модели кои ќе се вклопат во вашето секојдневие.
За вечерните излегувања секогаш можете да искомбинирате свилена марама, а во дождливиот и тмурен ден замотајте се во омилената плетка.
Ако до сега не ви паднало на памет колку модерно може да изгледаат, овие модни комбинации ќе ве натераат да се заљубите во вашиот топол шал.