Што откриваат за вас омилените чевли?
Секоја жена посакува огромен гардеробер полн со различни модели на чизми, балетанки и високи потпетици, но дури и тогаш ќе имате еден омилен пар кој ќе сакате да го носите секојдневно баш како сега.
Што носите најчесто? Балетанки, шпиц чевли или чизми? Во што се чувствувате најпријатно?
Погледнете како ве открива одговорот на ова прашање:
Високите потпетици со отворени прсти ги носат исклучиво жените кои ја обожаваат женственоста, сакаат сите да се вртат по нив и да флертуваат на сите страни.
Чевли со платформа носи жената која не сака да се вклопи во масата, точно знае што сака, а карактерот и е цврст и непопустлив.
Салонките се исклучиво за умерените жени кои го сакаат животниот ред, работата и дисциплината, без преголеми отстапки.
Каубојките и чизмите се одлика за чувствителните, достоинствени и храбри личности кои имаат директен и искрен карактер. Тие не се плашат да го возвратат ударот со истата сила со која го добиваат.
Балетанките се омилени чевли на вечните сонувачи, девојките чија фантазија никогаш не престанува. Овие жени сакаат да се опкружени со позитивни и блиски личности.
Патиките се симбол на лежерната и опуштена жена, која не се грижи како околината ја доживува. Овие жени ги интересираат само личните желби и потреби.