Водечки тренд за оваа есен: Како да го носите кожното здолниште? (фото)
Без оглед дали сакате кратки или долги здолништа, тесни или со А-крој, оваа есен кожното здолниште е задолжително парче во вашиот гардеробер.
Улиците и врвните модни случувања се преплавени со различни модели, бои и дизајни, па на модните варијанти и комбинации им нема крај.
Тесните здолништа со средна должина се одлични за префинет, класичен изглед, додека здолништата со А-крој имаат раскошна нота која вреди да се искористи во вечерните часови.
Кратките кожни здолништа, тесни или широки, се секогаш лежерна варијанта која може да се комбинира со чизми над коленици, топли џемпери, палта и дебели хулахопки.
Еко кожата е секогаш добра алтернатива, имајте го тоа на ум кога ќе го одбирате вашиот омилен модел.
Сега со само едно парче гардероба можете да се претворите во стилска икона!