Совети како да одберете чизми според обликот на телото
Совршеното комбинирање на чизмите со облеката која ја носите понекогаш може да биде вистински предизвик...
Без оглед на тоа дали сакате кратки или високи чизми над колениците, без потпетица или со, постојат одредени правила кои би требало да ги земете предвид додека го одбирате вашиот нов пар чизми.
Ситна градба и кратки нозе
Малечките, ситни и ниски девојки и жени би требало да носат модели кои визуелно ќе им ги издолжат нозете. Што значи, ако имате кратки нозе бирајте модели на висока потпетица.
Ако сепак сакате да носите рамни, тогаш комбинирајте ги со здолниште или фустан над колениците.
Со панталоните задолжително носете иста боја чизми, затоа што на овој начин целосно ќе ја издолжите фигурата.
Фигура песочен часовник
Жените со ваква градба, со нагласени колкови и гради, би требало да носат чизми со подебела и стабилна пета.
Одбирајте чизми со заоблен врв, а не со шпиц. На овој начин во потполност ќе ја истакнете женственоста на вашата фигура.
Облик на крушка
Ако имате подебели нозе и пошироки колкови, треба да одберете чизми кои визуелно ќе го истанчат долниот дел од телото. Најдобар избор се моделите со дебела потпетица.
Избегнувајте ги рамните и ниски чизми до коленици, затоа што во нив вашите нозе ќе изгледаат пократки отколку што се.
Наместо тоа, одберете кратки чизми со потпетица, кои многу подобро и прилегаат на вашата фигура.
Облик на јаболка
Жените со широк горен дел на телото би требало да одбираат масивни модели на чизми, претежно со полна потпетица.
На овој начин ќе постигнете визуелна рамнотежа, односно долниот дел ќе го нагласите со „потешки“ чизми.