Есенски модни предлози : Кратки, црни чизми за секој ден
За некои веќе пристигна, а за некои тек доаѓа времето на кратките чизми, зависно од временските прилики. Чевлите на кои им се враќаме секоја година заради практичноста, но и одличниот изглед, се една од причината зошто сите се радуваме на постудените денови.
Чизмите до глужд се непобеден модел на чизми за секоја сезона, па така и оваа. Токму затоа, понудата е побогата од било кога.
Затоа што повеќе време минувате окупирани со дневните обврски, сега е идеалното време да се фокусирате на оние издржливите и безвременски модели.
Инвестирајте во пар црни кратки чизми, затоа што без размислување ова се чевлите кои ќе ги носите со години.
Оваа година најактуелни се моделите со додатоци како ланчиња, металик детали и копчиња, но доколку ја сакате елеганцијата и едноставноста најдобро е да одберете шпиц чизми со патент, без премногу додатоци за полесно комбинирање.
За на работа, за прошетка или за вечерните излегувања, ова е моделот на чевли од кој нема да се одделите следните неколку месеци: