Чевлите по кои полуде цел Холивуд (фото)
Чевлите од брендот „Bionda Castana“ инспирирани од пејачката Лана дел Реј, се вистински хит во Холивуд, а не можеле да им одолеат ниту познатите ѕвезди како Зои Салдана, Кејт Босфорт, Шерил Кол и многу други.
Овие елегантни чевли со шпицест врв не се без причина толку популарни – лесно се комбинираат и убаво изгледаат на нозете, а ги има и во повеќе бои.
За цена од $800 долари може да одберете бели, црвени, бордо, жолти, црни или сиви чевли.
Оваа марка која станува сè поценета во високите модни кругови, ја основале две најдобри другарки од кои едната е русокоса, а другата бринета, па според тоа го дале и името „Bionda Castena“, што на италијански значи русокоса бринета.
Погледнете ги холивудските дами во овие чевли: