Geox и Bata чевли во боите на есента
Добро познатите светски брендови кои се достапни и кај нас, Geox и Bata, неодамна ги промовираа колекциите за есен/зима 2014.
Во нив, водечки тренд се кратките чизми и затворени чевли, како и нијансите на есента.
Машката колекција на Bata е поделена на секојдневна и елегантна. Секојдневието го предводат бајкерските чизми до глужд, додека елегантниот дел е составен од ниски чевли со заоблен врв и мешани материјали.
Жените оваа есен ќе можат да одберат дали ќе уживаат во балетанките за топлите денови, чизмите до глужд во врнежливите или пак елегантни шпиц чевли во деновите кога треба да изгледаат посебно, елегантно, деловно...
Колекцијата на Geox е нешто полежерна, наменета за секој маж кој сака да се чувствува удобно во своја кожа. Тука преовладуваат темните бои, патика-кондура модели и впечатливите чизми над глуждот во црна и кафена нијанса.
Женскиот Geox дел е составен од повеќе пара балетанки, но и безвременските шпиц чевли во темни тонови. Патиките над глужд се вистински одмор за стапалата во лежерните, опуштени есенски денови.
Двете колекции разгледајте ги во продолжение: