Разгледајте ја целосната колекција чевли на Оливија Палермо
Брендот Aquazzura и американската модна икона Оливија Палермо пред извесно време ја најавија заедничката колекција чевли, а само неколку седмици подоцна следи и првата рекламна кампања.
Во најновата колекција на брендот Aquazzura влегуваат 23 пара чевли дизајнирани од Оливија Палермо.
Колекцијата се состои од елегантни сандали од антилоп украсени со ланчиња и украсни камчиња, минималистички кожни сандали, класични антилопски чизми над коленици, плетени сандали и високи чизми со ресички.
Успешната соработка кулминираше вчера, кога беа објавени првите фотографии од рекламната кампања на секогаш елегантната Оливија.
Во продолжение разгледајте ја целосната колекција: