Каква мајка, таква ќерка: Џеј Ло и Еми розеви од глава до пети (фото)
Џенифер Лопез е позната по тоа што секогаш изгледа стилски средено и со одбрани парчиња на себе. Па, веројатно, таквиот стил успеала да ѝ го пренесе и на нејзината 6-годишна ќерка Еми.
Двете се појавиле на конвенцијата на Лигата на обединети латиноамерикаци во Америка, одржана во Њујорк каде се сретнале и со првата дама на САД, Мишел Обама.
Облечени во сличен крој и комбинација на здолниште и горен дел, извезени со цветови и во комбинација со розеви-беж чанти.
Малата Еми е во модел од пеплум материјал со широко здолниште и на горниот дел има карнери околу струкот, додека нејзината мајка е во потесно здолниште кое има карнери на колковите и полупроѕирна тенка блуза на долги ракави, исто навезена со цветчиња.
Елегантни и модерни како што им доликува, во придружба и на сестрата на Џенифер, Линда, присуствувале на оваа конвенција, каде Џеј Ло одржала мотивациски говор, а не пропуштила и да направи селфи фотографија при средбата со Мишел Обама.
Погледнете како изгледаат: