Нова колекција за 2015-та на вечно гламурозниот Elie Saab
Elie Saab ја претстави типично нежната и елегантна cruise колекција. Боите кои преовладуваат се боите на праската и јагодите, ментол зелената и жолтата, односно, сите бои кои потсетуваат на смирено и опуштено лето.
И овој пат либанскиот дизајнер не ги разочара љубителките на гламурот, па во вечерната колекција може да се најдат огромен број на тесни фустани и здолништа на кои преовладуваат светкавите апликации и тантелата.
Во колекцијата се најдоа и неколку елегантни, класични изгледи кои се одличен пример како треба да изгледа секоја деловна дама.
Со огромна доза на елеганција и нота на смиреност, Elie Saab вака ја најави својата најнова колекција: