Гламурозни и инспиративни: Ова се најмодерните бабички во модната индустрија
Ако досега мислевте дека модата е наменета само за младите, тогаш грешите. Овие бабички докажуваат дека дури и во поодминати години секој може да изгледа гламурозно.
Најмодерните бабички од Њујорк се инспирација за модните блогери, дизајнерите, но и писателите.
Познтиот фотограф Ари Сет Конен од Њујорк, бил инспиран од овие модерни жени и напишал книга која ја насловил „Напреден стил”. Во оваа книга тој зборува за начинот на кој овие жени се облекуваат и како се однесуваат пред објективот.
Овие модерни бабички се доказ дека годините и модата се сојузници и одлично се надополнуваат. Нивната цел е едниствена - тие сакаат да докажат дека креативноста, стилот и годините можат да ги променат човечките размислувања околу стареењето.
Тие се доказ дека староста може да поседува младелашки дух, да биде забавна и несекојдневна токму преку модата.
Гламурозните бабички се на возраст помеѓу 62 и 95 години, а за нив може да кажеме сѐ освен дека се здодевни. Тие се далеку поразлични од бабичките на кои сите сме навикнати.