Хитот за оваа пролет се токму белите панталони, а еве како да ги комбинирате
Она што оваа година не смеете да го пропуштите како задолжителен дел од вашиот гардеробер, се токму белите панталони.
Ова парче гардероба е огромен хит и воедно најпарктичен бидејќи најлесно можете да го комбинирате буквално со сите други бои.
Пронајдете инспирација во овие неколку примери и направете си ваш, впечатлив и интересен стајлинг со омилениот пар бели панталони.
Носете ги со маички со принтови - Дезенот на маичката може да биде во која било боја. Ова е одлична комбинација која може да ја носите на денски лежерни прошетки и кафиња со пријателите.
Во комбинација со кратка маичка - Огромниот хит за оваа година се кратките маички кои откриваат сосема мал дел од вашиот стомак. Подновете се со бели панталони со висок струк и ќе добиете свеж, летен изглед.
Поиграјте си со силните бои - Белите панталони искомбинирајте ги со црвена маичка, виолетова, портокалова, морско сина... Со овој изглед ќе бидете во модниот центар.
„Tuxedo” панталони - Овие панталони се одлични за вечерните излегувања и забави. Од едната страна имаат црни линии од почетокот, па се до самиот крај на панталоните.
Цели во бело - Зошто да не? Ќе изгледате забавно и интересно. Овој стајлинг дополнете го со накит во некоја интересна боја и секако не заборавајте на високите потпетици кои може да бидат со цветен дезен.
Мала фото - инспирација: