Одбележете ја сезоната со впечатлив маникир
Не сте една од девојките кои ги следат трендовите во светот? Сигурно имате свој впечатлив стил на кој сите му се воодушевуваат и го препознаваат. Овој маникир е совршен за вас.
Надополнете го вашиот изглед со необични нокти и обележете ја оваа сезона во ваш стил.
Црн француски маникир
Прекрешете го правилото за бел француски маникир и одберете цена боја за промена. Таа ќе го истакне вашиот силен и впечатлив карактер.
Разнобоен маникир
Разнобојниот маникир покрај тоа што ќе го привлече вниманието кон вас, ќе им покаже на другите дека сте забавна личност која има свој стил.
Сребрен или златен металик маникир
Тренд кој не излегува од мода се металик златните или сребрени нокти. Одлично ќе им прилега на девојките со рокерски стил.
Светкав маникир
Светкавиот маникир е за понежните, но сепак необични девојки. Не мора да го направите вообичаениот маникир со сребрени светки. Одлучете се за силна позадина и колоритни светки.
Омбре маникир
Замислете каков впечаток ќе оставите доколку имате и омбре фризура. Овој маникир совршено ќе се вклопи во вашиот стајлинг.
Француски маникир во сите бои
Пробајте го фрнацускиот маникир во сите бои. Вашите нокти ќе се вклопуваат со секое парче облека што ќе го облечете.
Маникир со леопардски принт
Доколку сакате да оставите секси впечаток, одлучете се за маникирот со леопардски принт. Не мора да биде вообичаениот. Експериментирајте со силни бои.
Неонски маникир
Неонскиот маникир повторно се враќа во мода. Доколку спаѓате во похрабрите девојки одберете жолта, зелена или розова боја која нема да остане незабележана.
За каков маникир се одлучивте вие?