Во чекор со модните трендови: Викенд модни комбинации за жени
Сите ја знаеме онаа добро позната реченица Немам што да облечам, иако често гардероберите ни се преполни со гардероба. Па, ако токму овој викенд западнете во ваков некреативен моден период, имаме мало олеснување.
Дневна шема
Времето е прекрасно за прошетка и денско кафе, па затоа внимателно поиграјте си со боите и дезените. Комбинирајте светли,лежерни кошули со панталони и пролетни чевли.
Што се однесува до аксесоарите, секогаш може да додадете ситни бели обетки, сребрена или златеста нежна алка, но секако сето тоа нека биде умерено.
Прочепкајте по гардероберот, сигурно ќе најдете парчиња од ваков тип на облека. Искористете го прекрасниот пролетен ден чувствувајќи се модерно и шик!
Ноќни забави
Пролетта е на прагот, па време е да го освежите вашиот гардеробер со малку похрабра комбинација. За што зборуваме? Огромен број на јавни ѕвезди го практикуваат трендот на здолниште и кратка маичка, па зошто да не можете и вие?
Нема потреба од впечатливи бои и дезени или нападни аксесоари, доволно ќе биде ако се чувствувате сексапилно во своја кожа.
Никогаш нема да погрешите со ваков избор за ноќните забави и излегувања.