Пролетни маникири кои вреди да ги испробате
Сакате уникатен и тренди маникир кој ќе ја одбележи оваа пролет?
Разгледајте ги интересните предлози кои ги предвидуваат најголемите модни трендсетери и одберете го оној кој најдобро се вклопува во вашиот стил.
Шпицести врвови со метални додатоци
Одлично изгледаат на девојките со рок стил.
Жолти нокти
Бидејќи во изминатите сезони, жолтиот маникир беше малку запоставен, сега повторно се враќа во тренд.
Истото важи и за морнарскиот, пругаст маникир, кој одлично ќе можете да го искомбинирате со морнарски додатоци.
Полукружна бела боја на горниот дел од ноктите
Овај маникир е се поактуелен во последен период, а ќе остане и оваа пролет.
Велигденски бои
Независно дали ќе се одлучите за портокалова, црвена или зелена, нема да погрешите во изборот.
Цветен тренд за секоја пролет.
Ако не можете сами да ги нацртате цветчињата, секогаш може да побарате помош од некого. Овој тренд е задолжителен за секоја пролет.
Кој е вашиот омилен?