Пролетна мода во Бершка за 2014 година
Комбинација од осумдесеттите, хипи движењето, седумдесеттите и модерните трендови се вистински погодок оваа пролет.
Најзабележлив материјал е тексасот, сино-зелените нијанси и цветните принтови. Разбудете ја пролетта во себе и вратете ја модата со нов, поинаков и уникатен стил.
Моделите на Бершка за 2014 се повеќе во кежуал варијанта за дневен изглед. Некои парчиња може да ги искористите и за некоја вечерна комбинација.
Интересните кошули и некои цветни модни детали, како и пастелните бои кои ја даваат нежната и романтична нота, може да ги комбинирате и лесно да се ги вклопите во својот стил.
Погледнете дел од најновата пролетна колекција на Бершка за 2014: