Пред и по интимната депилација: Подготовка во 6 чекори
За депилацијата на интимната зона да помине полесно и поефикасно, ви откриваме 6 корисни трикови кои ќе ја подготват кожата за овој третман.
Еве што секоја искусна жена треба да знае:
1 месец порано
Идеален период помеѓу две депилации е 4 до 6 седмици.
Иако интимната зона нема да биде секогаш глатка како и првиот ден, сепак паузата од 4 до 6 седмици е неопходна за влакната да пораснат барем половина сантиметар.
Денот на резервација
Кога резервирате термин напоменете дека би сакале стапчето за нанесување восок да се користи еднократко за една зона.
Ако стапчето за нанесување повеќе пати се внесе во восокот и со истото се депилирате на повеќе зони, ризикувате да се изложите на инфекции.
Вечерта пред депилацијата
Вечерта пред депилацијата направете благ пилинг за да им помогнете да подраснатите влакна да избијат.
Дерматолозите препорачуваат пилинг кој содржи ретинол, кој го чисти површинскиот слој на кожата и ја чисти сета нечистотија од порите.
1 час пред депилацијата
Ако депилацијата ви е неподносливо болна, смирете се со витамин Б6 или лек против болки.
За време на депилацијата
Депилацијата не е безболна за ниту една девојка, а наш совет е за време на самата депилација да дишете длабоко и да се сконцентрирате на нешто што ве опушта.
По депилацијата
По депилацијата кожата е иритирана од восокот, па затоа посветете и малку повеќе време.
Негувајте ја со неутрална, хидратантна крема која ќе ја користите најмалку 4-7 дена по третманот, зависно од иритацијата.