Безвременска облека и квалитетни додатоци во кои вреди да вложите

Доколку имате близу триесет години и не ја знаете тајната на секоја жена, време е да ја откриете. Тајната на добриот изглед и следењето на модата е во тоа да имате неколку ситници во кои ќе вложите, а сè останато се само нијанси кои може да ги менувате.

7-bezvremeni-raboti-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-01


1.Класични чевли

Без разлика дали сте жена која носи високи потпетици или рамни чевли, важно е да ги одберете оние кои се добро дизајнирани и безвременски во однос на модата. Секоја жена треба да има пар класични црни чевли кои ќе бидат идеално решение во секоја прилика кога немате подобра идеја.

7-bezvremeni-raboti-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-1


2. Одело

Оделото е израз на сериозност и професионалност. Но ако го одберете вистинскиот модел, може истовремено да изгледате и модерно. Дури и ако работите во околина каде можете да се облекувате полежерно, во гардеробата мора да имате барем едно одело кое ќе ви стои како по мерка за вас. Во него треба да изгледате модерно, шик и професионално во случај да треба да одите на работен состанок или на интервју за работа.

7-bezvremeni-raboti-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-2


3. Рачен часовник

Часовникот често е израз на стилот и статусот. Затоа добро е да имате барем еден часовник кој постојано ќе го носите, а ако е квалитетен и издржлив, нема да има потреба да го менувате. Класичните часовници одговараат на секоја облека. Заштедете и дозволете си убав и класичен рачен часовник кој секогаш добро изгледа на рака. Тоа е подобро отколку секоја сезона да давате пари за моментално популарни часовници.

7-bezvremeni-raboti-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-3


4. Црвен кармин

Секоја жена во својата чанта мора да го има тајното оружје наречено црвен кармин. Не мора да го носите секој ден, но нема нешто што може подобро да ја изрази женственоста. Без разлика дали имате друга шминка на вас, црвениот кармин може да ве „спаси“ во секоја ситуација.

7-bezvremeni-raboti-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-4


5. Парфем

Мирисот кој го оставате позади себе е едно од нештата по што другите го забележуваат вашето присуство. Дури и ако не сте љубител на парфеми, пронајдете лосион за тело или гел за туширање кој ќе биде ваш личен мирис кој нема често да го менувате. Така ќе бидете препознатливи.

7-bezvremeni-raboti-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-5


6. Чанта

Инвестирајте поголема сума пари барем во една елегантна и класична чанта која никогаш не излегува од мода. За жената таа е секогаш израз на стил и статус. Заштедете на некои парчиња облека, но дозволете си скапа класична чанта која најчесто ќе ја носите.

7-bezvremeni-raboti-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-6


7. Првокласен зимски капут

Секоја зима излегуваат различни модели кои се модерни и популарни, но истовремено секоја зима се забележуваат и квалитетните класични капути кои никогаш не излегуваат од мода. Неутралните бои и квалитетниот материјал ќе ви овозможат да може да го носите долги години и секогаш да бидете модерни.

7-bezvremeni-raboti-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-7

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg