7 знаци дека користите премногу шминка
Скоро сите девојки и жени ја користат шминката за да скријат некој недостаток или да истакнат посебно некој дел на лицето.
Некои од нив користат само мала доза и само онаму каде што е неопходно. Но, некои знаат навистина да претераат.
Ако сакате да се разубавувате и шминкате, размислете дали користите премногу шминка.
Нема поента трепките да ви бидат густи и со грутчиња или пудрата да ја нанесувате како да е глет смеса.
Ако правите некоја од следниве постапки веднаш променете ги навиките на шминкање:
1. Едвај го движите лицето.
2. Имате изразени линии на веѓите.
3. Трепките ви личат на пајажина.
4. Лицето и вратот ви се со различна нијанса.
5. Потребни ви се повеќе од 15 минути за да ја избришете шминката.
6. Перницата на која спиете ви е сè почесто извалкана.
7. Луѓето од далеку забележуваат дека сте се нашминкале премногу.