Пролетна колекција на Лобутин скриена во цветни аранжмани
Пролетната колекција на чевли и чанти со потписот на Кристијан Лобутин во новата рекламна кампања навистина не е лесно да ги пронајдете.
Мудро искомбинирани од страна на фотографот и уметник Петер Липман, кој според дизајнот ги усогласувал со мртва природа на цвеќиња.
Инспирациите најчесто ги црпел од познатите уметнички дела на големите сликари како Камил Писаро, Винсент ван Гог, Хенри Фантин – Латур и други.
На овој начин Лобутин го навестува трендот на уметноста во модата.
Тој смета дека и неговите модели во кои вложил многу вештина, креативност и труд може да бидат вистински уметнички дела.
Фасцинантната игра со боите и светлата го дава вистинскиот ефект на финалниот производ.
Погледнете ја новата колекција: