Parfois со нова колекција за пролет/лето 2014
Parfois ја претставува новата колекција пролет/лето 2014 инспирирана од четири главни трендови: ретро спорт, уметност во изработката, едноставност и пастелни нијанси.
Трендот ретро спорт е наменет за храбрата и безгрижна жена, а го симболизира враќањето на минатото во сегашноста. Трендот рефлектира спортски стил во комбинација со класични форми, материјали кои до сега не се користени заедно како акрил, невидливи магнети, платнени ремени во риги и сл. притоа користејќи палета на основни бои и принтови инспирирани од графити.
Трендот уметност во изработката внесува новитет во производите на Parfois, поточно ја воведува превртената кожа во комбинација со други луксузни материјали. Метални додатоци, реси и детали од кожа се појавуваат кај чантите и чевлите. Урбан и свеж, овој тренд го претставува совршениот спој на раскошот и едноставноста.
Едноставноста како тренд во колекцијата пролет/лето 2014 на Parfois е воочлива преку секојдневен, лежерен стил кој во исто време е и софистициран. Оваа линија комбинира дневни чанти со метални детали и сребрени и златни додатоци.
Пастелните тонови во колекцијата за сезоната што доаѓа се забележливи преку модни додатоци за деликатен изглед. Чанти со апликации и цветни принтови за женствен и безвременски изглед.