Скапата козметика заменете ја со домашна крема против брчки
Заборавете на скапата козметика и подгответе си домашна крема против брчки од само 6 состојки кои ќе ве чинат многу поевтино.
Потребно ви е:
- 2 лажици пчелин восок
- Половина лажичка мед
- 50ml масло од авокадо
- 50ml дестилирана вода
- Етерично масло по желба
- 1 лажица боракс
Бораксот е природен минерал, односно борна киселина во форма на прав. Има антисептични својства и одлично ја чисти кожата.
Авокадото ќе ја зацврсти кожата и ќе ја направи еластична.
Етеричните масла ја хранат кожата и и даваат сјај, додека медот ја омекнува и ја прави визуелно помлада.
Подготовка: Во длабок сад, на тивок оган растопете ги пчелиниот восок и медот, додека не се соединат. Додадете го маслото од авокадо. Мешајте и пред смесата да зоврие тргнете ја на страна.
Во друг сад разредете го бораксот со водата и етеричното масло, па потоа добро загрејте ја течноста. Кога добро ќе се олади, измешајте ги двете смеси со миксер.
Добиената крема префрлете ја во кутија од стара крема и чувајте ја во ладилник. Користете ја секое утро и секоја ноќ, на чисто лице.