Смели и убави: Овие модели ги изменија стандардите во 2013 година
Вообичаено моделите се олицетворение на модната индустрија за совршенство и извор на несигурностa во врска со нашето тело. Но, во 2013 година, неколку жени ја покажаа другата страна на оваа индустрија и своите имиња ги искористија за добра цел.
Овие се моделите кои ги срушија стандардите на модната индустрија и гi променија животите на многумина.
1. Робин Лавли изјави дека девојките со облини веќе нема да се кријат
Робин ги сруши бариерите за прашањето на полните модели и го искорени трендот на празен простор меѓу бутовите. Зборуваше за тоа како полните модели и воопшто попoлнетите жени се запоставени во модната индустрија и нè потсети дека и моделите сакаат да јадат.
2. Џени Ранк докажа дека и „плус сајз“ моделите може да бидат во центарот на вниманието
Иако првиот „плус сајз “ модел на компанијата „H&M“, Џени Ранк беше под голем притисок, сепак успеа. Не само што докажа дека полните девојки може да носат облека која ја следи линијата на нивното тело, туку покажа и лично што значи „плус сајз“ модел.
3. Никол Гибсон ни покажа дека мора да се прифатиме себе
До своите 20 години, Никол Гибсон се декларирала себе како хомосексуалец, но потоа направила операција за замена на хормоните. Во текот на лондонската модна недела, прошета на пистата како транссексуалец.
4. Кристал Рен истакнала дека не носат сите жени број 36
По успехот на нејзината автобиографија Hunger која беше објавена во 2009 година, Кристал Рен продолжи да зборува за потребата од поголемо производство на облека со поголем број, за сите модели и жени со различни големини, Таа планира да основа сопствена марка која ќе произведува облека со различни големини.
5. Иман нè потсети дека и моделите со различна боја на кожата се убави
Заедно со Наоми Кемпбел оваа година ја организираше ревијата „Balance Diversity“ за повеќе црни модели да бидат присутни на пистата. Благодарени на неа, прашањето за различноста привлече големо внимание.
6. Дауцен Крос призна дека перфектно обработените фотографии се штетни за оние кои ги гледаат
Без оглед на тоа што е дел од ангелите на „Викторијас Сикрет“, таа е самосвесна и знае како може да влијаат нејзините фотографии.
-Мислам дека во голема мера сум виновна за несигурноста на некои девојки бидејќи се занимавам со оваа работа, па девојките мислат дека треба да изгледаат како моделите на фотографиите. Дури и момците мислат дека фотографиите се реални, а јас не изгледам така. Кога се будам наутро ни најмалку не личам на девојката од фотографиите. – отворено призна Дауцен Крус.
7. Кристи Бринкли не научи дека годините се само број
Кристи Бринкли својата кариера како модел ја започнала во седумдесеттите години и станала позната по фотографиите во костим за капење. Оваа година, на нејзини 59 години се врати со фотографии во костим за капење заедно со нејзината ќерка тинејџерка, Сејлор. Таа строго внимава нејзината ќерка да ја зачува здравата слика за себе при можноста да влезе во светот на модата.
8. Кејт Аптон му покажа на светот дека облините се секси
Кејт Аптон не учествуваше на овогодинешното шоу на ангелите на „Викторијас Сикрет“, но затоа е прогласена за најатрактивен модел во 2013 година од старана на магазинот „Sports Illustrated“ кој нагласил дека „секси“ не е исто што и „слабо“.
-Се чувствувам самоуверено, а ако тоа ги инспирира и другите жени така да се чувствуваат – супер“. – изјавила Кејт за интервјуто во „Vogue“.