Како да ги комбинирате топлите џемпери со празничен дезен?
Топлите џемпери се омилената зимска гардероба, но ако е и со празничен дезен? Тогаш се добива идеална комбинација за овие тмурни и студени денови.
За барем малку да си го развеселите секојдневието, одберете си еден џемпер со снегулки, украси, светилки или ирваси. Никогаш нема да погрешите ако на монотоните зимски комбинации им додадете празнична магија.
Џемперите со празничен дезен не изгледаат толку смешно колку што мислевте, но само ако се придржувате до едно правило: Никогаш, ама баш никогаш не ги комбинирајте со друг дезен или дречлива боја.
Задржете се до фармерките, здолништата, хеланките и палтата во темни бои. Комбинацијата надополнете ја со некој минимален додаток, интересни високи чизми и голема чанта, баш како на овие фотографии: