Празничен мејкап предлог во златни тонови (видео)
Златните тонови и црвениот раскошен кармин за усни се идеален спој за празнична убавина.
Како до брз, гламурозен изглед за само 10 минути?
1. Беспрекорната подлога е најважна. Одберете квалитетна пудра кога ќе ги покрие сите недостатоци на кожата.
2. Истакнете ги веѓите. Со нежни движења исцртајте ги со моливче или со сенка пополнете ги празнините. Внимателно со боите и нијансите!
3. Златестото руменило се нанесува исклучиво на јаболкниците. Насмевнете се и внимателно, со дебела четка, нанесете го руменилото во прав. Не користете течни или кремасти руменила кои тешко се размачкуваат.
4. Истакнете ги очите со златна сенка и тенка линија туш за очи. Светкавите нијанси ќе ви дадат длабок поглед, а црната, прецизна линија ќе ја нагласи убавината на вашите очи.
5. Финиширајте го изгледот со црвен кармин. Најпрво исцртајте ги усните, а потоа пополнете ги. Не нанесувајте додатен слој на сјај, ќе постигнете нападен и спротивен ефект од посакуваниот.
Во ова 10-минутно видео откријте ја тајната на совршениот празничен изглед, кој вреди да го испробате оваа зима: