Кои обетки најдобро и прилегаат на вашата фризура?
Изборот на накит е подеднакво важен како и изборот на облека, чевли и фризура. Накитот може да го збогати вашиот изглед, да му даде посебна нота, но само ако е внимателно одбран.
За да не направите грешка при изборот на обетки, најдобро е да ги ускладите со вашата моментална фризура за пригодата.
Обетки за подигната фризура
Подигнатите фризури се создадени за да ги покажете омилените обетки, но само ако тие се богати и раскошни. Со овој тип на фризура имате можност за голем избор на бои, материјали и големини.
Обетки за кратка коса
Заради кратката коса вашите уши доаѓаат до израз, па затоа во овој случај добро би било да се задржите до минимализмот и едноставноста. Имајте на ум дека моделот на обетки не смее да биде нападен или претерано шарен.
Обетки за коса со средна должина
Ако имате коса до рамениците, можете да носите било какви обетки, но само ако ги приспособите за пригодата. Ако имате боб фризура одлично ќе ви прилегаат обетки кои се за некој сантиметар подолги. Ако сакате да постигнете елегантен изглед, одберете висечки обетки кои не се претерано нападни.
Обетки за виткана коса
Постои само едно правило: секогаш одбирајте обетки со спротивна текстура и облик од оној на косата. Што значи, на локните им прилегаат рамни обетки во форма на едноставна, права линија, но и богати модели со неправилен облик.
Обетки за долга коса
Обетките и долгата коса одат заедно само ако таа е добро стилизирана, така што не ги прекрива ушите. Сепак ако сте љубители на модерни обетки, одберете впечатливи и со храбар дизајн, кој знаете дека нема да поминат незабележано.
Обетки во бојата на косата
Кога ја одбирате бојата на обетките, обидете се да експериментирате. Не ги вклопувајте со бојата на фустанот, кошулата, додатоците, туку обидете се со нешто поразлично – вклопете ги со бојата на косата. Ќе постигнете моќен и неповторлив изглед!