Нашминкајте се за само 5 минути (видео)

По ова видео и водичот од само 6 чекори, нема да има простор за нервоза за сите идни вечерни случувања кои сте ги договориле половина час пред да се случат.

nasminkajte-se-za-samo-5-minuti-video-01

1 чекор: Сокријте ги подочниците - Нанесете хидратантна крема, а потоа кремаст коректор со нијанса на вашата кожа, во никој случај посветол. Нанесете го во дебели линии над веѓите, низ образите и од страните на носот. На крај размачкајте со прсти.

2 чекор: Руменило - Нанесете малку кремасто руменило на јаболкниците, па размачкајте го накај слепоочниците. Ако претерате со руменилото додајте малку течна пудра, никако не го бришете.

3 чекор: Бронзер - Со показалецот нанесете светло, светкаво руменило или бронзер. Изберете сребрени нијанси ако имате светла кожа, а нијанса на шампањ ако имате среден до темен тен.

4 чекор: Истакнете ги очите - За погледот да ви добие длабочиња, нанесете сребрена сенка, па вешто исцртајте линија со моливче за очи или пак додадете ефект на црни “smokey eyes”.

5 чекор: Додајте дефиниција - Веѓите лесно исцртајте ги со моливче во истата боја, во никој случај потемна!

6 чекор: Сочни усни - Нанесете кармин со светло розова боја, па потоа со прст добро размачкајте. Додајте малку сјај за усни за погламурозен изглед.

Во просек, за околу 4 минути и 30 секунди може да изгледате вака:

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg