Спречете го опаѓањето на косата во 3 чекори

Зголеменото опаѓање на косата најчесто е последица на генетиката, но користењето на силни шампони и честото миење, како и секојдневниот стрес исто така е чест причинител за оваа непријатна појава.

sprecete-go-opaganjeto-na-kosata-vo-3-cekori-01

Во зимскиот период, кога опаѓањето на косата е двојно зголемено, ви нудиме само 3 чекори со кои можете брзо и ефикасно да го решите овој проблем.

Благи шампони

Должината на животниот циклус на влакната варира од 2 до 5 години, а физиолошкото опаѓање на косата е последица на стареењето и поретко обновување. Затоа, внимавајте на козметиката која ја користите. Ако веќе сте навикнати често да ја миете косата, користете благи шампони. Посоветувајте се и со дерматолог ако сакате да започнете со користење на препарат против опаѓање на косата. Препорачливо е барем еднаш во неделата да нанесете маслиново масло.

Исхрана

Правилната исхрана значително може да го подобри опаѓањето на косата. Затоа, консумирајте спанаќ, суво грозје, жолчки, морски плодови, месо, риба, интегрален леб, какао, пиперка, печурки, маслинки, кајсии, рибино масло, квасец и многу овошје.

Миење

По миењето на косата, исплакнете ја со чај од камилица. Подгответе го потполно исто како и за пиење. Во 1 литар вода додадете 4 лажици сува камилица, процедете и по 10 минути исплакнете ја косата. За иста цел се користи и чајот од коприва, па можете да го одберете оној кој подобро ви влијае.

Би можело да ве интересира:

7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Славни жени кои се облекуваат младешки (и се доказ дека годините не треба да го дефинираат стилот) Можете ли да ја замислите Шер во класични костимчиња, или Салма Хајек закопчана ...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg