Како стапалата да ви се навикнат на новите чизми?
Ако оваа есен се подновивте со нов пар чизми, можно е во прво време да се борите со болни стапала и непријатни отоци и пликови.
Се прашувате како побрзо да ги разносите и да ја навикнете ногата на новиот модел?
1. Носете ги чизмите низ дома
Овој совет го знаеме уште од мали. Чизмите најдобро е да ги носите по дома, со додатен пар чорапи кој ќе ве заштити од пликовите на нозете, а воедно и полесно ќе ја прошири внатрешноста.
2. Наполнете ги со пешкири
Звучи чудно, но делува. Кога не ги носите чизмите, ставете во нив замотан пешкир за да се растегнат. Ова е одличен начин и да го сочувате обликот на чизмите и да го спречите претераното растегнување на моделот.
3. Пропрскајте ги со домашна мешавина
Наполнете едно шишенце со распрскувач со вода и алкохол во однос 1:1, а потоа распрскајте ја внатрешноста на чизмите. Ова е истата формула која произведувачите ја користат да ја растегнат и опуштат кожата.