4 совети за парфемот да трае подолго

Парфемот ќе трае подолго ако се нанесува на т.н. пулсирачки точки: зглобовите, зад ушите, на дното од грлото, од внатрешната страна на лактите...

4-soveti-parfemot-da-trae-podolgo

Еве уште неколку совети за подолго да мирисате на својот омилен парфем.

1. Држењето на парфемот подалеку од извор на светлина помага парфемот да ги задржи хемиските својства непроменети, бидејќи светлината може да го промени составот на парфемот што доведува и до промена на мирисот.

2. Нанесете го парфемот директно на кожата ако сакате неговиот мирис да трае подолго. Нанесете го парфемот на „жешките“ точки, односно на точките на телото на кои можете да го почувствувате пулсот.

3. Многумина откако ќе стават парфем на надлактицата ги тријат рацете. Ова не помага парфемот да остане постојан, напротив, така се „кршат“ молекулите на парфемот и се уништува вистинската срж на мирисот.

4. Намачкајте малку вазелин или маслиново масло на пулсирачките точки каде што планирате да нанесете парфем. Ова е одличен начин мирисот подолго време да го задржите на своето тело.

Би можело да ве интересира:

6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg