Зошто некој не го измисли ова: Производи кои би ја усреќиле секоја жена
Многу производи ветуваат дека ќе направат нешто револуционерно, но резултатите се најчесто поразувачки.
Се додаваат различни состојки, се најавуваат многу функции и новитети, но на крајот пак добиваме само ново интересно пакување со речиси истиот производ.
Постојат неколку работи кои ѝ се потребни на секоја жена, но досега никој не ја открил магичната формула за да може да ѝ ги оствари тие желби.
Еве дел од нив:
- Водоотпорна маскара која лесно се отстранува
- Хранлива крема против брчки која не ја мрси кожата
- Мат пудра која навистина матира, а не изгледа како креч
- Сјај за усни кои навистина ги зголемува, но без непријатните последици како пецкање, затегнување...
- Мат кармин кој не ги суши усните
- Средство за ефикасно отстранување на бојата за коса од кожата кога се бојадисуваме дома
- Пудра која навистина ги покрива акните без да се познаваат нерамнини
- Моливче за очи кое не се растекува по некое време и кое останува на нацртаната линија од почетокот.
- Крема за депилација која трајно ги отстранува влакната без болни козметички третмани
- Шампон кој навистина и дава волумен на косата, поголем од природниот, кој го добиваме после миење со кој било шампон
Кој производ ви недостига вам?