Што се носеше низ улиците во Лондон?
Откако модниот караван се префрли во Лондон, низ улиците можевте да видите необични и откачени модни комбинации. Веќе ви е познато дека Модната недела во Лондон беше најопуштениот и најзабавен моден настан, а фактот дека Маноло Бланик и Том Форд своите колекции решија премиерно да ги покажат баш во Лондон, додава доза на гламур и префинетост на овој настан.
Со оглед на тоа дека во Лондон температурите се прилично ниски, а и дождот е честа појава, посетителите на оваа модна недела се облечени слоевито, а трендот кој ќе го забележите се предимензионираните капути и мантили во розови нијанси.
Актуелни се и карираните парчиња облека кои важат за врвен моден хит во оваа есен.
Пронајдете ја есенската инспирација во стилот на Лондон во следните неколку фотографии: